По два дни беше Пасха и празникот Бесквасници. А првосвештениците и книжниците сакаа да Го фатат на измама и да Го убијат; но велеа: „На празникот не, за да не стане бунт меѓу луѓето.“ А кога беше Тој во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот, и седеше на трпеза, дојде една жена со шишенце скапоцен и чист нардов мирис и, кога го искрши шишенцето, го изли мирисот врз главата Негова. А некои негодуваа во себе и говореа: „Зошто мирисот да се растура? Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста денарии, и да им се раздадат на сиромасите.“ И негодуваа против неа. Но Исус рече: „Оставете ја неа; зошто ја буните? Таа направи добро дело за Мене! Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш. Тоа што можеше, таа го направи: однапред го помаза телото Мое за погребение. Вистина ви велам: каде и да се проповеда ова Евангелие, по целиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа.“
Прочитај Марко 14
Слушни за Марко 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 14:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа