Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 14:1-16

Марко 14:1-16 MK2006

По два дни беше Пасха и празникот Бесквасници. А првосвеш­тениците и книжниците сакаа да Го фа­тат на измама и да Го убијат; но велеа: „На празникот не, за да не стане бунт меѓу луѓето.“ А кога беше Тој во Витанија, во ку­ќата на Симон Лепрозниот, и седеше на трпеза, дојде една жена со шишенце скапоцен и чист нардов мирис и, кога го искрши шишенцето, го изли мирисот врз главата Негова. А некои негодуваа во себе и говореа: „Зошто мирисот да се растура? Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста денарии, и да им се раздадат на сиромасите.“ И негодуваа против неа. Но Исус рече: „Оставете ја неа; зош­то ја буните? Таа направи добро дело за Мене! Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш. Тоа што можеше, таа го направи: однапред го помаза телото Мое за по­гребение. Вистина ви велам: каде и да се про­поведа ова Евангелие, по целиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа.“ Тогаш Јуда Искариот, еден од два­наесетте, отиде кај првосвештениците за да им Го предаде. А тие, штом чуја, се зарадуваа и ве­тија да му дадат пари. И бараше погодно време за да Го предаде. Во првиот ден на Бесквасници, кога го колеа Пасхалното јагне, учениците Негови Му рекоа: „Каде сакаш да оти­деме и да приготвиме, за да ја јадеш Пасхата?“ И прати двајца од учениците Свои, па им рече: „Отидете в град; и ќе ве сретне еден човек, што ќе носи вода во стомна; одете по него. И каде што ќе влезе тој, кажете му на домаќинот: ‚Учителот прашува: каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со учениците Свои?‘ И тој ќе ви покаже голема соба, послана, приготвена; таму згответе ни.“ И излегоа учениците Негови и дојдоа во градот, и најдоа како што им бе­ше рекол, па ја приготвија Пасхата.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност