И им рече потоа во Својата поука: „Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат во долги облеки и да ги поздравуваат по улиците, и заземаат предни седишта во синагогите, како и први места на гозбите. Тие, што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат, ќе бидат потешко осудени.“ Па седна Исус спроти ковчежето и гледаше како народот пушта пари во него. Мнозина богати пуштаа многу. И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што изнесува еден кодрант. А Исус, кога ги повика учениците Свои, им рече: „Вистина ви велам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите, што пуштија во касата на храмот; зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата сиромаштија даде сѐ што имаше, целиот свој имот.“
Прочитај Марко 12
Слушни за Марко 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 12:38-44
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа