Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 12:28-40

Марко 12:28-40 MK2006

Тогаш пристапи еден од книж­ни­ци­те, кој ги слушаше како се препираат и увиде дека Исус им одговараше добро, па Го запраша: „Која е прва од сите заповеди?“ А Исус му одговори: „Најважна од сите заповеди е: ‚Чуј Израеле! Господ, Бог наш, е еден Господ. Затоа, возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!‘ Ова е најважната заповед. А втората е слична на неа: ‚Воз­љуби го својот ближен како себеси!‘ Друга заповед, поголема од овие, нема.“ Книжникот Му рече: „Добро, Учи­теле. Право кажа дека Бог е еден, и де­ка нема друг, освен Него; и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите прилози и жртви.“ Исус, пак, кога виде дека умно од­говори, му рече: „Не си далеку од царството Божјо.“ Потоа никој веќе не се осмелуваше да Го прашува. И кога одговараше Исус, поу­чу­вај­ќи во храмот, рече: „Како тоа книжни­ците велат дека Христос е син Давидов, кога самиот Давид кажа преку Све­тиот Дух: ‚Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна, додека не ги положам Твоите неприја­тели за подножје на нозете Твои!‘ И така, сам Давид Го нарече Гос­под; од каде тогаш да Му е Тој син?“ И многу народ Го слушаше со задовол­ство. И им рече потоа во Својата поука: „Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат во долги облеки и да ги поздра­вуваат по улиците, и заземаат предни седишта во синагогите, како и први места на гозбите. Тие, што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се мо­лат, ќе бидат потешко осудени.“