Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 12:1-12

Марко 12:1-12 MK2006

И почна да им говори во па­раболи: „Еден човек насади лозје и го загради со ограда, па ископа бунар и соѕида кула; и откако им го предаде на лозарите, си отиде. А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето. Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија празен. И пак испрати кај нив друг слуга; и нему, со камења му ја расцепија главата, па го отпуштија посрамен. Испрати и друг; него, пак го убија; и мнозина други, или натепаа, или пак ги убија. Па, бидејќи имаше уште еден син, кој му беше мил, го испрати најпосле него кај нив, велејќи: ‚Ќе се засрамат од сина ми.‘ Но лозарите си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘ И го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето. Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лоза­рите, а лозјето ќе го даде на други. Зар не сте читале во Писмото: ‚Ка­менот, што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник.‘ Од Господ е тоа, и чудесно е во очи­те наши.“ И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, зашто разбраа дека за нив ја кажа параболата; па Го оставија, и си отидоа.