Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 11:1-10

Марко 11:1-10 MK2006

И кога се приближи до Еруса­лим, во Витфагија и Витанија, кај Маслиновата Гора, испрати Исус двајца од учениците, и им рече: „Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом ќе влезете во не­го, ќе најдете врзано младо магаре, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го! И, ако ви рече некој: ‚Зошто го правите тоа?‘ Кажете дека Му е потребно на Господ; и тој веднаш ќе го прати тука.“ Тие отидоа и го најдоа младото ма­га­ре, врзано за портата однадвор, на крстопатот и го одврзаа. И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го од­врзувате?“ А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија. И го доведоа младото магаре кај Исус, ги кладоа врз него алиштата свои и Тој седна на него. И мнозина ги постилаа своите облеки по патот. А оние, што одеа пред Него и по Не­го, викаа и велеа: „Осана! Благословен е Оној што иде во името Господово! Благословено е царството на на­ши­от татко Давид, кое иде во името Гос­по­дово! Осана во висините!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност