Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 10:46-52

Марко 10:46-52 MK2006

Потоа пристигнаа во Ерихон. И ко­га излегуваше Исус од Ерихон со уче­ниците Свои и со многу народ, Ти­ме­е­виот син, Вартимеј, кој беше слеп, се­деше покрај патот и просеше. Па, кога чу дека е тоа Исус од На­зарет, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“ И мнозина му велеа да молчи, но тој уште повеќе викаше: „Сине Да­ви­дов, смилувај ми се!“ Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, говорејќи му: „Не плаши се, стани, те вика!“ Тој, кога ја фрли горната облека, стана и отиде кај Исус. А Исус, одговарајќи му, го за­пра­ша: „Што сакаш да сторам за тебе?“ Слепиот Му рече: „Да прогледам, Учи­теле!“ Исус му рече: „Оди си, верата твоја те спаси!“ И тој веднаш прогледа, па тргна патем по Исус.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност