Потоа пристигнаа во Ерихон. И кога излегуваше Исус од Ерихон со учениците Свои и со многу народ, Тимеевиот син, Вартимеј, кој беше слеп, седеше покрај патот и просеше. Па, кога чу дека е тоа Исус од Назарет, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“ И мнозина му велеа да молчи, но тој уште повеќе викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“ Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, говорејќи му: „Не плаши се, стани, те вика!“ Тој, кога ја фрли горната облека, стана и отиде кај Исус. А Исус, одговарајќи му, го запраша: „Што сакаш да сторам за тебе?“ Слепиот Му рече: „Да прогледам, Учителе!“
Прочитај Марко 10
Слушни за Марко 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 10:46-51
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа