Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 1:21-45

Марко 1:21-45 MK2006

И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата Тој влезе во синагогата и поу­чуваше. И се чудеа на Неговата наука, заш­то Тој ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците. Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика, говорејќи: „Што имаш Ти со нас, Исусе од На­зарет! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!“ Но Исус му заповеда, велејќи: „Молкни и излези од него!“ Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со силен глас и излезе од него. И сите се стресоа од ужас, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Што е ова!? Ново учење со власт; Тој и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат!“ И одеднаш се разнесе глас за Него по целиот Галилејски крај. Штом излегоа од синагогата, дојдоа со Јаков и Јован во куќата на Симон и Андреј. А тештата на Симон лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа. Тој пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа стана и ги служеше. А приквечер, кога заоѓаше сонцето, кај Него донесуваа секакви болни и бесомачни. И целиот град се беше собрал пред портата. И излекува мнозина што страдаа од разни болести; истера многу демони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат, зашто Го знаеја. А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде на пусто место и таму се молеше. А Симон, и оние што беа со Него, тргнаа да Го бараат; па, кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“ А Тој им рече: „Да појдеме до блис­ките села и градови, и таму да про­по­ве­дам, зашто затоа сум дошол.“ И проповедаше во нивните синагоги. И дојде кај Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него и Му рече: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ Смилувајќи се, Исус протегна рака, се допре до него и му рече: „Сакам! Очисти се!“ И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој стана чист; откако му за­по­веда, го отпушти, и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажуваш; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за очистува­ње, како што заповедал Мојсеј – ним за сведоштво.“ А тој, штом излезе, почна да рас­ка­жува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во гра­дот, а се задржуваше надвор, во оса­ме­ни места. И доаѓаа кај Него отсекаде.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност