И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата Тој влезе во синагогата и поучуваше. И се чудеа на Неговата наука, зашто Тој ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците. Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика, говорејќи: „Што имаш Ти со нас, Исусе од Назарет! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!“ Но Исус му заповеда, велејќи: „Молкни и излези од него!“ Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со силен глас и излезе од него. И сите се стресоа од ужас, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Што е ова!? Ново учење со власт; Тој и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат!“ И одеднаш се разнесе глас за Него по целиот Галилејски крај.
Прочитај Марко 1
Слушај Марко 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 1:21-28
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа