Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 1:1-20

Марко 1:1-20 MK2006

Почеток од Евангелието на Исус Христос, Син Божји. Како што е напишано кај проро­к Исаија: „Еве, Јас го испраќам пред ли­цето Твое Мојот ангел, кој ќе го при­готви Твојот пат пред Тебе: ‚Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господ, из­рамнете ги патеките Негови.‘“ Се јави Јован, крштавајќи во пустината и проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите. И доаѓаа кај него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и тој ги крш­та­ва­ше сите во реката Јордан, а тие ги ис­по­ведаа своите гревови. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и се хранеше со скакулци и див мед. Тој проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги од­вр­зам ремењата од обувките Негови. Јас ве крстив со вода, а Тој ќе ве крс­ти со Дух Свети.“ А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јован во Јор­дан. И кога излегуваше од водата, вед­наш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него. И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.“ Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината. И беше таму, во пустината, че­ти­ри­е­сет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа. А потоа, откако Јован беше зат­во­рен, дојде Исус во Галилеја и ја про­по­ведаше радосната вест за царството Божјо, и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.“ И, одејќи покрај Галилејското Мо­ре, Исус го виде Симон и брат му Ан­дреј како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари. Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“ И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. Па, штом одмина малку, го виде Ја­ков Заведеев и брат му Јован, исто така во кораб како ги крпат мрежите свои; веднаш ги повика и нив. И тие, ос­тавајќи го татка си Заведеј во коработ со наемниците, тргнаа по Него.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Марко 1:1-20

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност