Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Михеј 7:1-7

Михеј 7:1-7 MK2006

Тешко мене, зашто со мене е сега како по собирање на летните пло­дови, како по гроздобер; ни зрнце за каснување, ниту рана смоква по која копнее душата моја. Нема веќе верни луѓе по земјата, нема праведни меѓу луѓето; сите кројат сплетки, за да проливаат крв; секој му става на брата си стапица. Рацете им се приготвени за да прават зло: началникот сака подароци, судијата суди за поткуп, а големците решаваат по своја волја и ја изопачу­ваат правдата. Најдобриот од нив е како трн, а најсправедливиот е полош отколку ог­рада од трње. Денот на Твоите пости, денот на Твојата казна наближува; и сега ќе ги опфати смут. Не верувајте му на другарот, не потпирајте се на пријателот; пред онаа, што лежи во твојата постела, не отворај ја устата своја. Зашто синот го угнетува татко си, ќерката се противи на мајка си, снаата станува против свекрвата; непријатели на човекот му се неговите домашни. Јас, пак, гледам кон Господ, и за моето спасение ќе се надевам на Бога; мојот Бог ќе ме чуе.