Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 9:27-38

Матеј 9:27-38 MK2006

А кога Исус си одеше оттаму, трг­наа по него двајца слепи и викаа: „Сми­лувај ни се, Исусе, сине Давидов!“ А штом дојде в куќи, слепите се приближија до Него. И Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го напра­вам тоа?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“ Тогаш се допре до очите нивни и рече: „Нека ви биде според верата ва­ша!“ И очите им се отворија; а Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не дознае!“ А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата таа земја. Додека тие излегуваа, ете, кај Него еден човек нем и бесомачен. По изгонувањето на демонот, не­миот проговори. А народот се чудеше и говореше: „Никогаш такво нешто не станало во Израел.“ А фарисеите велеа: „Тој ги изгонува демоните со силата на начал­ни­кот на демоните.“ И одеше Исус по сите градови и се­ла и поучуваше по нивните синагоги, го проповедаше Евангелието за Царството и лекуваше секаква болест и немоќ во народот. А штом виде многу народ, се со­жа­ли, зашто беа изморени и беспомошни како овци без пастир. Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата е голема, а работници има малку. Затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва.“