Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 9:1-8

Матеј 9:1-8 MK2006

Тогаш Тој влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна во Својот град. И ете, донесоа кај Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му ре­че: „Не плаши се, чедо! Ти се простува­ат гревовите твои!“ Тогаш некои од книжниците си ре­коа во себе: „Овој богохулствува!“ А Исус ги разбра нивните мисли, и им рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши? Или, што е полесно? Да кажам: ‚Ти се простуваат гревовите твои!‘ или да кажам: ‚Стани и оди!?‘ Но да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гре­вови.“ Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“ И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома. А народот кога го виде тоа, се восхити и Го прослави Бога, Кој им даде так­ва власт на луѓето.