Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 8:5-13

Матеј 8:5-13 MK2006

А кога влезе Исус во Капернаум, се приближи до Него еден стотник и Го молеше говорејќи: „Господи, слугата мој лежи дома фа­тен и многу страда.“ Исус му рече: „Ќе дојдам и ќе го из­лекувам.“ А стотникот одговори и рече: „Гос­поди, не сум достоен да влезеш под мо­јот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави; зашто и јас сум човек подвластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‚Оди!‘ и тој оди; на другиот: ‚Дојди!‘ и тој доаѓа; и на слугата: ‚Направи тоа!‘ и тој прави.“ Кога го чу тоа, Исус се восхити и им рече на оние што врвеа по Него: „Вистина ви велам: ни во Израел не најдов толку голема вера. И ви велам дека мнозина ќе дојдат од Исток и од Запад и ќе седнат на тр­пеза со Авраам, Исак и Јаков во цар­ството небесно, а наследниците на царството ќе би­дат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби.“ И му рече Исус на стотникот: „Оди си и, нека ти биде според верата твоја!“ И слугата негов во истиот час оздраве.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност