Матеј 8:1-3
Матеј 8:1-3 MK2006
А кога се симна од гората, по Него врвеше многу народ. И ете, се приближи еден лепрозен. Му се поклонуваше и говореше: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ А Исус кога ја подаде раката, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!“ И тој веднаш се очисти од лепрата.

