Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 6:19-34

Матеј 6:19-34 MK2006

„Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и рѓата, и ка­де што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ни­ту крадат. Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.“ „Светило за телото е окото. И та­ка, ако твоето око биде здраво и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, це­лото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?“ „Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон. Затоа ви велам: немојте да се гри­жите за вашата душа – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини вашата душа повеќе од храната, и телото – од облеката? Погледнете ги птиците небески: тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт? Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во це­лата своја слава не се облече така, како еден од нив. Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе ќе сто­ри за вас, маловерни!? Па затоа, не грижете се и не гово­рете: ‚што да јадеме, или што да пиеме‘, или ‚во што да се облечеме?‘ Зашто сето тоа го бараат незна­бош­ците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. И затоа, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доволна е негова­та неволја.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност