Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 5:1-48

Матеј 5:1-48 MK2006

Кога го виде народот, Тој се искачи на гората. И штом седна, уче­ни­ци­те Негови се приближија до Него. И откако ја отвори устата Своја, ги поу­чуваше и говореше: „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно! Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат! Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат! Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога! Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји! Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно! Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуваат и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – за­ради Мене! Радувајте се и веселете се, зашто го­лема е вашата награда на небесата! Та­ка ги гонеа и пророците што беа пред вас.“ „Вие сте солта на земјата. Но, ако солта го изгуби вкусот, со што ќе се со­ли? Таа веќе не е за ништо, освен да се фрли надвор и изгази од луѓето. Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен!“ „Немојте да мислите дека сум до­шол да го поништам Законот или Про­роците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата, ниту една бук­вичка или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сѐ! И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе се нарече најмал во царството небесно, а оној што ќе ги исполни и поучи, тој ќе се нарече голем во цар­ството небесно. Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книж­ниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно!“ „Сте слушале дека им било речено на старите: ‚Не убивај! А кој ќе убие, ќе биде осуден пред судот.‘ Јас, пак, ви велам дека секој, што се гневи на брата си (без причина), ќе биде осуден пред судот; а оној што ќе го на­рече брата си ‚празноглав‘, ќе биде осуден пред врховниот суд; оној, пак, што ќе рече ‚будала‘, ќе биде осуден за во пеколот. И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот. Измири се со противникот твој на­време, уште додека си на пат со него, за да не те предаде на судијата, а судијата – на служителот и да бидеш фрлен в затвор; вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, сѐ додека не ја дадеш и последната пара.“ „Сте слушале дека на старите им било речено: ‚Не прељубодејствувај!‘ Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе из­вршил прељуба со неа во срцето свое. Ако те наведува на грев десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да изгубиш еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот. И десната рака, ако те наведува на грев, исечи ја и фрли ја од себе; зашто подобро ти е да изгубиш еден дел, от­колку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.“ „Речено било исто така: ‚Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде разводно писмо.‘ А Јас пак ви велам: секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја тера да прељубодејствува; и кој ќе се ожени со така напуштена, тој прељубодејствува.“ „Сте го слушале уште и тоа дека им било речено на старите – ‚Не колни се криво, а заклетвите пред Господ исполнувај ги.‘ Јас, пак, ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, зашто тоа е престол Божји; ниту во земјата, зашто таа е под­ножје на нозете Негови; ниту во Еру­са­лим, зашто е град на великиот Цар. Не колни се ни во главата своја, за­што не можеш ниту едно влакно од ко­сата своја да направиш бело или цр­но. Но зборот ваш да биде: ‚да‘, ‚да‘, или ‚не‘, ‚не‘, а сѐ што е повеќе од тоа, од лукавиот е.“ „Сте слушале дека е речено: ‚Око за око, заб за заб.‘ Јас, пак, ви велам: не противете се на лукавиот. Ако некој те удри по дес­ниот образ, заврти му го и другиот. А оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и на­метката. И ако некој те присили да одиш со него една милја, ти оди две. На оној што бара од тебе, дај му, и не одбивај го оној што ти сака нешто на заем.“ „Сте слушале дека е кажано: ‚Љуби го својот ближен, а мрази го неприја­те­лот.‘ А јас, пак, ви велам: љубете ги не­пријателите свои, (благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат) и молете се за оние што ве (навредуваат и) гонат, за да бидете синови на Вашиот Отец небесен; зашто Тој го остава Сво­ето сонце да грее и над лошите и над добрите, и им праќа дожд и на праведните и на грешните. Зашто, ако ги сакате оние што вас ве сакаат, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и цариниците? И, ако ги поздравувате само бра­ќа­та свои, што особено правите? Не пос­та­пуваат ли така и незнабошците? Но бидете совршени како што е со­вршен вашиот Отец небесен.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност