Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан кај Јован за да биде крстен од него. А Јован Го одвраќаше, велејќи: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти кај мене ли доаѓаш!?“ Но Исус му одговори и рече: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.“ Тогаш Јован се сложи. И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Духот Божји како слегува како гулаб и се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!“
Прочитај Матеј 3
Слушни за Матеј 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 3:13-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа