Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 3:11-17

Матеј 3:11-17 MK2006

Јас ве крштавам со вода за покаја­ние, но Оној што иде по мене е посилен од мене; јас не сум достоен да Му ги по­несам ни обувките; Тој ќе ве крсти со Светиот Дух и со оган. Лопатата е во рацете Негови и Тој ќе го очисти гумното Свое и ќе Си го при­бере житото во амбар, а плевата ќе ја изгори со оган што не гасне.“ Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан кај Јован за да биде крстен од него. А Јован Го одвраќаше, велејќи: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти кај мене ли доаѓаш!?“ Но Исус му одговори и рече: „Ос­та­ви го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.“ Тогаш Јован се сложи. И штом се крсти, Исус веднаш из­лезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Духот Божји како слегува како гулаб и се спушта над Не­го. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!“