Во тие дни дојде Јован Крстител, кој проповедаше во Јудејската пустина и говореше: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно.“ Зашто ова е, навистина, Оној за Кого говореше пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној, што вика во пустината: ‚Пригответе го патот на Господ и исправете ги патеките Негови!‘“ А Јован носеше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед. Тогаш од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот Јордански крај доаѓаа кај него и се крштаваа од него во реката Јордан, исповедајќи ги своите гревови.
Прочитај Матеј 3
Слушни за Матеј 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 3:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа