Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 28:1-20

Матеј 28:1-20 MK2006

Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден на седмицата, дојдоа Марија Магдалена и другата Марија да го видат гробот. И ете, стана голем потрес; ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него; лицето му беше како молња, а алиш­тата – бели како снег; а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви. Ангелот им се обрати на жените и им рече: „Не плашете се; знам дека Го барате Исус распнатиот; не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ, па отидете бргу и кажете им на уче­ниците Негови дека Тој воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Га­ли­леја; таму ќе Го видите. Ете, ви ка­жав.“ И излегоа брзо од гробот, со страв и голема радост и отрчаа да им соопштат на учениците Негови. Кога одеа да им јават на Неговите ученици, Исус, ги пресретна и им рече: „Радувајте се!“ А тие се приближија, ги гуш­наа нозете Негови и Му се поклонија. Тогаш Исус им кажа: „Не плашете се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.“ Кога одеа тие, ете, некои од стра­жарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што бе­ше станало. И тие, кога се собраа со ста­ре­ши­ни­те и се посоветуваа, им дадоа многу па­ри на војниците, велејќи: „Кажете дека: ‚учениците Негови дојдоа и Го украдоа кога ние спиевме;‘ и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го смириме и ќе направиме и вам ништо да не ви се случи.“ А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес. А единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше заповедал Исус; па, штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се посомневаа. А Исус, кога се приближи, прогово­ри и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност