Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 26:57-75

Матеј 26:57-75 MK2006

А оние што Го фатија Исус, Го од­ведоа кај првосвештеникот Кајафа, ка­де што беа собрани книжниците и ста­ре­шините. Петар, пак, одеше по Него одда­ле­ку, до дворот на првосвештеникот; и влезе внатре, па седна со слугите за да го види крајот. А првосвештениците и ста­ре­ши­ни­те, и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исус за да Го погубат и не наоѓаа; и, макар што пристапија многу лажни сведоци, не најдоа. Но најпосле дојдоа двајца и рекоа: „Овој кажа: ‚Можам да го урнам Божјиот храм и за три дни да го соѕидам.‘“ Тогаш стана првосвештеникот и Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“ Но Исус молчеше. А првос­веш­те­никот Му рече: „Те заколнувам во жи­виот Бог да ни кажеш: Ти ли си Хрис­тос, Синот Божји?“ Исус му одговори: „Ти рече! Ви ве­лам отсега ќе Го гледате Синот Човеч­ки како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци.“ Тогаш првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Овој хули на Бога! Каква потреба имаме повеќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење! Како ви се чини?“ А тие одговорија и рекоа: „Заслужува смрт!“ Тогаш Го плукаа в лице и Го удираа по образите, а други Го тепаа и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“ А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Гали­ле­е­цот!“ Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“ А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исус од Назарет!“ Но тој пак се одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“ Малку потоа се приближија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и го­во­рот твој те издава!“ Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел. И се сети Петар на Исусовите збо­рови што му ги рече: „Уште петел пред да запее, трипати ќе се одречеш од Ме­не.“ Па излезе надвор и горко плачеше.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност