Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 26:47-56

Матеј 26:47-56 MK2006

Додека Тој уште говореше, ете, Ју­да, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу луѓе со ножеви и колови, ис­пра­тени од страна на првосвештениците и старешините народни. А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Фатете Го Тој што ќе го бакнам!“ И веднаш се приближи до Исус и Му рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го бакна. А Исус му рече: „Пријателе, зошто си дошол?“ Тогаш пристапија, по­ло­жи­ја раце на Исус и Го фатија. И ете, еден од оние што беа до Ис­ус, протегна рака и извади нож, па го удри слугата на првосвештеникот, и му го отсече увото. Тогаш Исус му рече: „Врати го но­жот во ножницата. Зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат; или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели? Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не стане?“ Потоа Исус му рече на народот: „Како на разбојник сте излегле со но­жеви и колови за да Ме фатите. Секој ден седев со вас, поучувајќи во храмот, и не Ме фативте. Но сето тоа стана за да се исполнат пророчките писма.“ Тогаш сите уче­ни­ци Го оставија и се разбегаа.