Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 26:20-30

Матеј 26:20-30 MK2006

Кога се стемни, Тој седна на трпе­зата со дванаесетте. И кога јадеа, им рече: „Вистина ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.“ Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?“ А Тој им одговори и рече: „Оној што макна со Мене од чинијата, тој ќе Ме предаде. Синот, пак, Човечки, вистина си оди, како што е напишано за Него; но тешко му на оној човек преку кого Си­нот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек да не се беше ро­дил.“ А Јуда, што Го предаде, одговори и рече: „Да не сум јас, Рави?“ Му одгово­ри: „Ти рече.“ И кога јадеа, Исус зеде леб, го бла­гослови, го прекрши, и откако им го да­де на учениците, рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“ И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите. И вам ви велам, зашто отсега нема да пијам од овој лозов плод сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во цар­ството на Мојот Отец.“ И откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Го­ра.