Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 25:14-30

Матеј 25:14-30 MK2006

„Зашто, Тој ќе постапи како чо­ве­кот, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот; и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста негова; и веднаш замина. Оној што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти; и исто така и оној што зеде два та­ланта, спечали други два; а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така ги сокри па­ри­те на својот господар. По долго време дојде господарот на тие слуги и побара да му поднесат сметка. И кога пристапи оној што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: ‚Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил уште пет.‘ Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја ра­доста со својот господар!‘ Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: ‚Господаре, ти ми предаде два таланта, ете, со нив спечалив уште два.‘ Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја ра­доста со својот господар!‘ Пристигна и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си ве­ел, па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘ А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум садел, требаше моите пари да им ги дадеш на трговците, па кога ќе дојдам да си го приберам своето со добивка; земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти; зашто секому, што има, ќе му се да­де и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има; а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: таму ќе биде плач и крцкање со заби.‘“ (Откако го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе.“)

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност