Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 24:15-22

Матеј 24:15-22 MK2006

„Па така, штом го видите гнасниот пустошник како стои на светото место, за кој зборува пророкот Даниел – кој чи­та нека разбере, тогаш оние, што се наоѓаат во Ју­де­ја, нека бегаат по планините; кој е на покрив нека не слегува да земе нешто од куќата своја; и кој е на нива, нека не се враќа до­ма за да ги земе алиштата свои! Но тешко на бремените и на доил­ките во тие дни! Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме или во сабота; зашто тогаш ќе има страдања, как­ви што немало од почетокот на светот па досега, ниту, пак, ќе ги има. И ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни.