Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 24:1-28

Матеј 24:1-28 MK2006

И кога излезе Исус од храмот и си одеше, се приближија до Него учениците Негови за да Му ги покажат зградите на храмот. А Исус им рече: „Го гледате ли сето тоа? Вистина, ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, а да не биде ур­нат.“ И кога седеше во Маслиновата Гора, дојдоа кај Него учениците Негови на­са­мо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?“ А Исус им одговори и рече: „Пазете се, да не ве излаже некој; зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ‚Јас сум Христос!‘ и ќе прелажат мнозина. Ќе слушате за војни и повици на војни. Гледајте да не се уплашите, зашто сето тоа треба да биде; но тоа уште не е крајот. Зашто ќе се крене народ против на­род, и царство против царство, и на раз­ни места ќе има глад, помор и потреси; а сето тоа е почеток на страдањата. Тогаш ќе ве предадат на мачење и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од си­те народи, заради Моето име. Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат и еден со друг ќе се мразат; многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина; и бидејќи беззаконијата ќе се ум­но­жат, кај мнозина љубовта ќе олади. А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен. И ќе биде проповедано ова Еван­ге­лие за царството по целиот свет, за све­доштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.“ „Па така, штом го видите гнасниот пустошник како стои на светото место, за кој зборува пророкот Даниел – кој чи­та нека разбере, тогаш оние, што се наоѓаат во Ју­де­ја, нека бегаат по планините; кој е на покрив нека не слегува да земе нешто од куќата своја; и кој е на нива, нека не се враќа до­ма за да ги земе алиштата свои! Но тешко на бремените и на доил­ките во тие дни! Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме или во сабота; зашто тогаш ќе има страдања, как­ви што немало од почетокот на светот па досега, ниту, пак, ќе ги има. И ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни. Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, ов­де е Христос‘ или ‚таму е‘ – не верувај­те! Зашто ќе се појават лажни месии и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, дури и избраните. Ете, однапред ви кажав. И така, ако ви речат: ‚Ете, Тој е во пустината‘ – не излегувајте; или, ‚ете, во тајна соба е‘ – не верувајте! Зашто, како што молњата излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки. Зашто, каде што е мршата, таму се собираат и орлите.“