Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 23:5-12

Матеј 23:5-12 MK2006

И сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето; ги прошируваат своите записи и ги продолжуваат ресите на својата облека; сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите, и поздрави по улиците, и да ги ви­к­а­ат луѓето ‚Рави!‘ А вие немојте да се нарекувате ‚Ра­ви‘, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа. И никого на земјата не викајте го свој Татко, зашто еден е вашиот Татко – Оној Небесниот; и водачи немојте да се именувате, зашто еден е вашиот Водач – Христос. Но, најголемиот меѓу вас да ви биде слуга; зашто, кој се воздигнува, ќе биде по­ни­зен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.“