Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 23:25-28

Матеј 23:25-28 MK2006

Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги чистите чашата и чинијата однадвор, додека внатре тие се полни со грабеж и алчност. Слеп фарисеју, очисти ги чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто многу личите на ва­ро­сани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија. Така и вие, однадвор им се по­ка­жу­вате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззако­ние.“