Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 23:23-28

Матеј 23:23-28 MK2006

Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто давате десеток од на­не, копра и ким, а сте го оставиле нај­важното во Законот: праведноста, ми­лоста и верата; ова требаше да го пра­вите, а и она да не го оставате. Водачи слепи, вие комарецот го це­дите, а камилата ја проголтувате! Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги чистите чашата и чинијата однадвор, додека внатре тие се полни со грабеж и алчност. Слеп фарисеју, очисти ги чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто многу личите на ва­ро­сани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија. Така и вие, однадвор им се по­ка­жу­вате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззако­ние.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност