Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 23:1-28

Матеј 23:1-28 MK2006

Тогаш Исус му проповедаше на народот и на учениците Свои, говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите. Затоа, сѐ што ќе ви кажат пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, зашто тие говорат, но не извршуваат; врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на лу­ѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат. И сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето; ги прошируваат своите записи и ги продолжуваат ресите на својата облека; сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите, и поздрави по улиците, и да ги ви­к­а­ат луѓето ‚Рави!‘ А вие немојте да се нарекувате ‚Ра­ви‘, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа. И никого на земјата не викајте го свој Татко, зашто еден е вашиот Татко – Оној Небесниот; и водачи немојте да се именувате, зашто еден е вашиот Водач – Христос. Но, најголемиот меѓу вас да ви биде слуга; зашто, кој се воздигнува, ќе биде по­ни­зен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.“ „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате цар­ството небесно пред луѓето; зашто, ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние што сакаат да влезат. (Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате до­мо­вите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда.) Тешко вам книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден следбеник, и кога ќе успеете во тоа, тогаш го пра­ви­те син на пеколот, двапати полош од вас. Тешко вам, водачи слепи, кои ве­ли­те: ‚Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во злато на храмот, виновен е.‘ Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или храмот кој го осветува златото? Исто така велите: ‚Ако некој се за­колне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е.‘ Безумни и слепи! Што е посвето: дарот или жртвеникот што го осветува дарот? А кој ќе се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е врз него; и кој ќе се заколне во храмот, се колне во него и во Оној Кој живее во него; и кој ќе се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто давате десеток од на­не, копра и ким, а сте го оставиле нај­важното во Законот: праведноста, ми­лоста и верата; ова требаше да го пра­вите, а и она да не го оставате. Водачи слепи, вие комарецот го це­дите, а камилата ја проголтувате! Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги чистите чашата и чинијата однадвор, додека внатре тие се полни со грабеж и алчност. Слеп фарисеју, очисти ги чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто многу личите на ва­ро­сани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија. Така и вие, однадвор им се по­ка­жу­вате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззако­ние.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност