Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 22:23-30

Матеј 22:23-30 MK2006

Во истиот ден пристапија кон Него и садукеите, кои велат дека нема вос­кресение, и Го прашаа, говорејќи: „Учителе, Мојсеј рече: ‚Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја зе­ме жената негова и нека му подигне по­томство на својот брат!‘ Кај нас имаше седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи не­маше пород, ја остави жената своја на брата си; исто така направи и вториот, и третиот, дури и седмиот; а по сите нив умре и жената. При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?“ Исус им одговори: „Се лажете, заш­то не ги познавате Писмата, ниту силата Божја; зашто при воскреснувањето луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, ту­ку ќе живеат како ангели Божји на не­бесата.