Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 21:12-17

Матеј 21:12-17 MK2006

И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на ме­ну­ва­чи­те и столовите на оние што продаваа гу­лаби, и им рече: „Напишано е: ‚Домот Мој нека биде дом за молитва‘, а вие го направивте како разбојничка пештера.“ И дојдоа кај Него во храмот слепи и куци, и Тој ги излекува. А првосвештениците и книж­ни­ци­те, гледајќи ги чудесните дела што ги направи Тој, и слушајќи ги децата како викаат во храмот и велат: „Осана на Да­видовиот Син!“, се разгневија, и му рекоа: „Слушаш ли што велат тие?“ А Исус им рече: „Да! Зар никогаш не сте читале: ‚Од устата на но­во­ро­денчињата и од оние што цицаат Ти си приготвил пофалба?‘“ И кога ги остави, отиде надвор од градот, во Витанија, каде што преноќи.