Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 21:1-11

Матеј 21:1-11 MK2006

А кога наближија до Ерусалим и дој­доа до Витфагија, кај Мас­ли­новата Гора, Исус испрати двајца уче­ници и им рече: „Отидете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете вр­зана магарица и младо магаре со неа; одврзете ги и доведете Ми ги! А ако некој ви рече нешто, кажете му дека Му се потребни на Господа, и веднаш ќе ги прати.“ А сето тоа стана за да се исполни ка­жаното преку пророкот, кој вели: „Кажете ѝ на ќерката Сионова: ете, твојот цар доаѓа кај тебе кроток, качен на магарица со младо магаре.“ Учениците отидоа и направија така, како што им беше заповедал Исус. Ги дотераа магарицата и младото магаре и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Тој седна над нив. А мнозина од народот ги постилаа по патот облеките свои; други, пак, се­чеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот; а народот што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: „Осана на Си­нот Давидов! Благословен е Тој што до­аѓа во името Господово! Осана на висините!“ И кога влезе во Ерусалим, целиот народ збунето прашуваше: „Кој е овој?“ А народот одговараше: „Овој е Ис­ус, пророкот од Назарет галилејски.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност