Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите машки новороденчиња во Витлеем и по целата негова околина од двегодишна возраст и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците. Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Еремија, кој говори: „Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахила ги оплакува своите чеда и не сака да се утеши, зашто ги нема.“ А по смртта на Ирод, ангел Господов му се јави на сон на Јосиф во Египет и му рече: „Стани, земи го Младенецот и мајка Му, и врати се во земјата израелска, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.“ Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата израелска. Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, на местото татка си Ирод, се уплаши да оди таму; и откако доби порака на сон, тој замина во галилејските предели. А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека Тој ќе се нарече Назареец.
Прочитај Матеј 2
Слушни за Матеј 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 2:16-23
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа