Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 2:13-23

Матеј 2:13-23 MK2006

А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосиф на сон, ве­лејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го по­губи.“ И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет. И таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни реченото од Господ преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Синот Свој.“ Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите машки но­во­роденчиња во Витлеем и по целата не­гова околина од двегодишна возраст и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците. Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Еремија, кој говори: „Глас се слуша во Рама, плач и ри­дање, и пискот голем: Рахила ги оп­ла­кува своите чеда и не сака да се утеши, зашто ги нема.“ А по смртта на Ирод, ангел Гос­по­дов му се јави на сон на Јосиф во Еги­пет и му рече: „Стани, земи го Младенецот и мајка Му, и врати се во земјата израелска, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.“ Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата израелска. Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, на местото татка си Ирод, се уп­ла­ши да оди таму; и откако доби по­рака на сон, тој замина во галилејските пре­де­ли. А кога пристигна, се насели во гра­дот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека Тој ќе се нарече Назареец.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност