Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 18:5-16

Матеј 18:5-16 MK2006

и кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима.“ „Кој ќе соблазни едно од овие ма­ли, за него е подобро да му се обеси во­денички камен на вратот и да потоне во морска длабочина. Тешко му на светот од соблазни, зашто соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого до­аѓа соблазната. Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од се­бе: подобро е за тебе да влезеш во животот без една рака или нога, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган; и ако те соблазнува окото твое, извади го и фрли го од себе: подобро е за те­бе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да би­деш фрлен во огнениот пекол.“ „Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ан­гели на небесата секогаш го гледаат ли­цето на Мојот Отец небесен. (Зашто Синот Човечки дојде да го бара и спаси загубеното.) Што мислите? Ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената овца? Па, ако ја најде, ве уверувам дека ќе се радува за неа повеќе отколку за де­ве­десет и деветте незагубени. Така и вашиот Отец небесен не са­ка да загине ниедно од овие, маливе.“ „Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си; ако не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се по­тврди секој збор