А кога пристигнаа во Капернаум, му пристапија на Петар оние што собираа дидрахми и му рекоа: „Учителот ваш не плаќа ли дидрахми?“ Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: „Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?“ Петар Му одговори: „Од туѓите.“ Исус му рече: „Значи, синовите не плаќаат; но, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица и првата риба што ќе се улови, земи ја; и, кога ќе ѝ ја отвориш устата, ќе најдеш статир; земи го и подај им го за Мене и за себе!“
Прочитај Матеј 17
Слушни за Матеј 17
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 17:24-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа