Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 17:1-8

Матеј 17:1-8 MK2006

А по шест дни Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и брат му Јо­ван, и ги изведе на висока гора сами; и се преобрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина. И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него. Тогаш Петар Му одговори на Исус и рече: „Господи, добро ни е да бидеме ов­де; ако сакаш ќе направам тука три ко­либи: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“ Додека уште говореше, ете, ги за­се­ни светол облак; и се чу глас од облакот кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него по­слушајте Го!“ И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија. Но Исус, штом се приближи, се доп­ре до нив и им рече: „Станете и не пла­шете се!“ А тие, кога ги подигнаа очите, не ви­доа никој друг освен Исус.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност