Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 17:1-22

Матеј 17:1-22 MK2006

А по шест дни Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и брат му Јо­ван, и ги изведе на висока гора сами; и се преобрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина. И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него. Тогаш Петар Му одговори на Исус и рече: „Господи, добро ни е да бидеме ов­де; ако сакаш ќе направам тука три ко­либи: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“ Додека уште говореше, ете, ги за­се­ни светол облак; и се чу глас од облакот кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него по­слушајте Го!“ И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија. Но Исус, штом се приближи, се доп­ре до нив и им рече: „Станете и не пла­шете се!“ А тие, кога ги подигнаа очите, не ви­доа никој друг освен Исус. Исус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!“ Потоа учениците Негови Го пра­шаа, говорејќи: „Зошто, пак, книж­ни­ците велат дека најнапред треба да дој­де Илија?“ Исус им одговори и рече: „Илија ќе дојде порано и ќе уреди сѐ; но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија сѐ што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив.“ Тогаш учениците разбраа дека Тој им зборува за Јован Крстител. Кога дојдоа кај народот, пристапи кон Него еден човек, кој падна на колена и рече: „Господи, смилувај се на мо­јот син, зашто при нова месечина го на­паѓа зол дух и се мачи многу; често паѓа во оган и често – во вода; го одведов кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“ А Исус одговори и рече: „О, роде безверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!“ И му нареди Исус на демонот и тој излезе од момчето; и тоа оздраве во тој час. Тогаш учениците пристапија кон Исус насамо и Му рекоа: „Зошто не можевме ние да го истераме?“ А Исус им рече: „Заради вашето безверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ѝ речете на оваа планина: ‚Премести се одовде таму!‘ И таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно. (Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.)“ А кога беа во Галилеја, Исус им ре­че: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност