Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 15:29-37

Матеј 15:29-37 MK2006

Штом замина оттаму, Исус дојде кај Галилејското Море, се искачи на гората и седна таму. И дојде кај Него многу народ, кој имаше со себе куци, слепи, неми, фа­те­ни и многу други, и ги положија пред нозете на Исус, и Тој ги исцели, така што народот се восхитуваше гледајќи како неми зборуваат, фатени оздравуваат, куци се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израелов. А Исус, кога ги повика учениците Свои, рече: „Жал ми е за луѓето, зашто три дни веќе стојат кај Мене и немаат што да јадат; да ги распуштам гладни, не би сакал, за да не премалеат по па­тот.“ Но учениците Негови Му рекоа: „Каде ќе земеме толку леб во пустинава за да нахраниме толку народ?“ Исус ги праша: „Колку лебови има­те?“ А тие одговорија: „Седум и не­кол­ку риби.“ Тогаш му заповеда Исус на народот да поседне по земјата. И земајќи ги седумте лебови и ри­би­те, благодари, ги прекрши и им ги да­де на учениците Свои, а учениците – на народот. И јадеа сите и се наситија; и кренаа останати парчиња: седум полни кош­ни­ци.