Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 15:10-39

Матеј 15:10-39 MK2006

И како ги повика луѓето, им рече: „Слушајте и разберете! Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува чо­ве­кот.“ Тогаш Неговите ученици Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?“ А Тој, одговарајќи им, рече: „Се­ко­ја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне; оставете ги: тие се слепи водачи на слепи: а кога слеп води слеп, оба­та ќе паднат во јама.“ Петар, пак, Му одговори и рече: „Објасни ни ја оваа парабола.“ А Исус им рече: „Ама вие, уште ли не сфаќате? Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку сто­ма­кот и се исфрлува надвор? А она што излегува од устата, иде од срцето и тоа го осквернува човекот; зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули; тоа го осквернува човекот. А ја­де­њето со неизмиени раце не го осквернува човекот.“ И кога излезе оттаму Исус, замина во земјата Тирска и Сидонска. И ете, една жена Хананејка, излезе од оние краишта, повика кон Него, ве­лејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко ја мачи демон.“ Но Тој не ѝ одговори ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Не­гови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, зашто вика по нас.“ А Тој одговори и рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на до­мот израелски.“ Но таа, кога пристапи, Му се поклони и велеше: „Господи, помогни ми!“ Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“ Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари.“ Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти би­де по желбата твоја!“ И во тој час оз­драве ќерката нејзина. Штом замина оттаму, Исус дојде кај Галилејското Море, се искачи на гората и седна таму. И дојде кај Него многу народ, кој имаше со себе куци, слепи, неми, фа­те­ни и многу други, и ги положија пред нозете на Исус, и Тој ги исцели, така што народот се восхитуваше гледајќи како неми зборуваат, фатени оздравуваат, куци се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израелов. А Исус, кога ги повика учениците Свои, рече: „Жал ми е за луѓето, зашто три дни веќе стојат кај Мене и немаат што да јадат; да ги распуштам гладни, не би сакал, за да не премалеат по па­тот.“ Но учениците Негови Му рекоа: „Каде ќе земеме толку леб во пустинава за да нахраниме толку народ?“ Исус ги праша: „Колку лебови има­те?“ А тие одговорија: „Седум и не­кол­ку риби.“ Тогаш му заповеда Исус на народот да поседне по земјата. И земајќи ги седумте лебови и ри­би­те, благодари, ги прекрши и им ги да­де на учениците Свои, а учениците – на народот. И јадеа сите и се наситија; и кренаа останати парчиња: седум полни кош­ни­ци. А оние што јадеа беа четири илјади мажи, покрај жените и децата. Па, штом го распушти народот, влезе во кораб и пристигна во Маг­дал­ските предели.