Учениците, пак, негови, дојдоа, го земаа неговото тело и го погребаа; па отидоа и му јавија на Исус. Штом го чу тоа Исус, замина оттаму со кораб во пусто место, Сам а народот, штом дозна за тоа, тргна по Него пеш од градовите. И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни. А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: „Местово е пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“ Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Ние имаме само пет леба и две риби.“ Тој им рече: „Донесете Ми ги тука!“ И откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот. И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња. А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, покрај жените и децата. И веднаш ги повика Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, додека Тој да го распушти народот. Па штом го распушти народот, Тој се искачи на планината за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам.
Прочитај Матеј 14
Слушни за Матеј 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 14:12-23
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа