Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, зашто земјата не беше длабока. Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се исушија. Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши. Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет. Кој има уши да слуша, нека чуе.“ И кога се приближија до Него учениците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во парабола?“ А Тој им одговори и рече: „Зашто вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено. Кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има.
Прочитај Матеј 13
Слушни за Матеј 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 13:5-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа