Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 13:12-17

Матеј 13:12-17 MK2006

Кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има. Затоа им зборувам во параболи, за­што гледаат и не видат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбира­ат; и над нив се исполнува про­рош­твото на Исаија, кој вели: ‚Со уши ќе чу­ете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите; срцето на овие луѓе закоравело и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои за да не можат никогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да се покајат и да ги исцелам.‘ Вашите, пак, очи се блажени, би­деј­ќи гледаат и ушите ваши – бидејќи слу­шаат; зашто вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.“