Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 13:10-15

Матеј 13:10-15 MK2006

И кога се приближија до Него уче­ниците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во парабола?“ А Тој им одговори и рече: „Зашто вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено. Кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има. Затоа им зборувам во параболи, за­што гледаат и не видат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбира­ат; и над нив се исполнува про­рош­твото на Исаија, кој вели: ‚Со уши ќе чу­ете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите; срцето на овие луѓе закоравело и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои за да не можат никогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да се покајат и да ги исцелам.‘