И штом замина оттаму, дојде во синагогата нивна. И ете, таму беше еден човек, кој имаше исушена рака. И за да Го обвинат, Го прашаа Исус: „Допуштено ли е во сабота да се лекува?“ А Тој им рече: „Кој е тој од вас, ако има една овца и таа падне во саботен ден во јама, што не ќе ја прифати и извади? А колку ли, пак, човекот е поскап од една овца!? И така во сабота е допуштено да се прави добро.“ Тогаш му рече на човекот: „Испружи ја раката!“ И тој ја испружи. И таа стана здрава како и другата. А фарисеите, штом излегоа, се договорија како да Го погубат. Но Исус кога разбра, се оддалечи оттаму.
Прочитај Матеј 12
Слушни за Матеј 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 12:9-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа