Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 12:24-32

Матеј 12:24-32 MK2006

А фарисеите, штом го чуја тоа, ре­коа: „Тој не ги истерува демоните на друг начин освен преку Велзевул, на­чалникот на демоните!“ Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство, ако се раз­дели, запустува; и секој град или дом, ако се раздели на противни групи, ќе пропадне. И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш ка­ко може да се запази царството негово? И ако Јас ги истерувам демоните преку Велзевул, синовите ваши, пре­ку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии. Ако, пак, Јас истерувам демони со Духот Божји, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо. Или, како може да влезе некој во куќата на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, па дури тогаш да му ја ограби куќата? Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура. Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето. И ако некој каже збор против Си­нот Човечки, ќе му се прости; но ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ни на овој, ни на оној свет.“