Во тоа време, една сабота, Исус минуваше преку нивите, а учениците Негови огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат. Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: „Ете, учениците Твои го прават она што не треба да се прави во сабота!“ А Тој им рече: „Не сте ли читале што направи Давид, кога огладне тој и оние што беа со него? Како влезе во домот Божји, ги изеде лебовите од жртвеникот, што не требаше да ги јаде ни тој, ниту оние што беа со него, туку само свештениците. Или, не сте ли читале во Законот дека во саботен ден свештениците ја нарушуваат саботата и пак не се виновни? Но Јас ви велам дека тука е Оној Кој е поголем од храмот; и, ако знаевте што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудувате невините; Зашто Синот Човечки е господар и на саботата.“
Прочитај Матеј 12
Слушни за Матеј 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 12:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа